Наскоро македонското вино ќе се најде на кинескиот пазар. Најголемиот кинески дистрибутер на вино ќе потпише договор со девет винарски визби од Македонија за извоз на македонското вино во Кина. Ова го најави вицепремиерот Владимир Пешевски по завршувањето на презентацијата и дегустацијата на македонски вина во рамки на бизнис-форумот во Ченгду, Кина, каде претседателот на кинеската дистрибутивна винска компанија, Фу Сјуе Ју, изразил особено задоволство од квалитетот на македонските вина и покажал сериозен интерес за продлабочување на соработката со македонските компании. За време на бизнис-форумот во Ченгду беше направена презентација на македонските вина на голем број дистрибутери во Кина, но еден од најголемите од нив што има преку 600 продавници - дистрибутивни центри во Кина беше прилично задоволен од квалитетот и беше договорено дека со сите девет винарии од Македонија ќе потпише договор за извоз на македонското вино од Македонија во Кина.
Наскоро македонското вино ќе се најде на кинескиот пазар. Најголемиот кинески дистрибутер на вино ќе потпише договор со девет винарски визби од Македонија за извоз на македонското вино во Кина.
Ова го најави вицепремиерот Владимир Пешевски по завршувањето на презентацијата и дегустацијата на македонски вина во рамки на бизнис-форумот во Ченгду, Кина, каде претседателот на кинеската дистрибутивна винска компанија, Фу Сјуе Ју, изразил особено задоволство од квалитетот на македонските вина и покажал сериозен интерес за продлабочување на соработката со македонските компании.
- За време на бизнис-форумот во Ченгду беше направена презентација на македонските вина на голем број дистрибутери во Кина, но еден од најголемите од нив што има преку 600 продавници - дистрибутивни центри во Кина беше прилично задоволен од квалитетот и беше договорено дека со сите девет винарии од Македонија ќе потпише договор за извоз на македонското вино од Македонија во Кина - рече Пешевски.
Според информациите, станува збор за веројатен откуп на целокупната количина на вино со која располагаат винарските визби во земјава. Пешевски вели дека со реализацијата на овој договор многу ќе им се помогне на винската индустрија и на производителите на грозје.
- Генерално ваков извоз ќе и помогне и на македонската економија, но и ќе придонесе Кина повеќе да се запознае со она што се произведува кај нас - нагласи Пешевски.
Од извозот на вино Македонија остварува приход од 30 до 35 милиони евра на годишно ниво. Приходот би бил и поголем доколку се зголеми процентот на извезено вино во шишиња, кој сега изнесува само 15%.
Од винариите потенцираат дека се чувствува недостиг на висококвалификуван кадар кој би го подобрил квалитетот на македонските вина. Засега таков кадар може да се најде во соседните земји, но сепак винариите посочуваат дека најголемиот проблем лежи во слабиот маркетинг и промоција на домашните вина надвор од границите на државата.
Инаку, консумирањето вино во 2011 година на светско ниво се намалило за еден милион хектолитри, споредено со 2010 година.
Чингдао е 5-милионски град во Источна Кина, познат по брзиот економски развој од просечни 10 отсто раст годишно. Во Чингдао се развиени индустриите за информатичка технологија, електроника, автомобилска индустрија, петрохемија, производство на храна и пијалаци.
На бизнис-форумот присуствуваа претставници на над 100 кинески компании од регионот на Чингдао.